четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

Слободни здравствени зони за развој на здравствен туризам

lekari

Поврзани вести

Привршуваат подготовките за основање на слободни здравствени зони. Инвеститорите кои ќе вложат во развој на здравствениот туризам во земјава, ќе добијат даночни ослободувања најмалку десет години.

Владиниот проект е пред пратениците. Ќе придонесе за трансфер на нови знаења, технологии и вештини во здравството, вработувања и привлекување туристи. Ќе се внимава, здравствените објекти во зоните да не бидат нелојална конкуренција ниту на приватните, ниту на државните здравствени установи во земјава, пишува Лидер.

Сакаме да ги мотивираме и охрабриме инвеститори кои се занимаваат со инвестиции во болници, клиники, во здравството, да инвестираат во овие слободни здравствени зони пред сѐ заради создавање здравствен туризам, соопшти вчера премиерот Груевски.

Целта е привлекување странски капитал и воведување нови методи

Слободните здравствени зони се присутни во повеќе земји, а овој проект ќе ја смести Македонија на мапата на инвеститорите од областа на здравството. Целта е привлекување на странски капитал за воведување на нови здравени методи и постапки, зголемување на конкурентноста и вработувањето како и зголемување на квалитетот на високо образовната понуда од областа на медицината.

Даночни олеснувања за инвеститорите

Согласно законот…

Најчитани вести