Слога – Вардар од Виница в недела домаќин на Вардар Јуниор лигата

Слога – Вардар од Виница в недела домаќин на Вардар Јуниор лигата
Слога – Вардар од Виница в недела домаќин на Вардар Јуниор лигата

По кратката пауза поради празниците, возбудувањата во Вардар Јуниор лигата продолжуваат овој викенд.

В недела на 8 мај на градскиот стадион во Виница ќе се одигра 5-тото коло, каде ќе настапат екипите од источниот регион, а домаќин на настанот ќе биде тимот на ФК Слога 1934 – Вардар.

Покрај тимот од Виница, на петтиот турнир по ред ќе играат и децата од тимовите на Рудар Јуниор од Пробиштип, Борец Јуниор од Велес и Мал Ајакс – Вардар од Штип, кои ќе бидат присутни со две генерации, односно ќе настапат со момчиња родени 2004 и 2006 година.

Според утврдениот распоред треба да се одиграат осум натпревари, а тимовите ќе пристигнат во 9 часот на градскиот стадион, додека почетокот на натпреварувањата ќе започне од 10. Крајот на натпреварите е предвиден во 13 часот.

Турнирот ќе биде отворен со дуелите помеѓу Рудар Јуниор од Пробиштип и Борец Јуниор од Велес (генерација 2004) и Мал Ајакс – Вардар од Штип и Слога 1934 – Вардар од Виница (генерација 2006).

fk vardar-junior-ligata

Во продолжение може да го погледнете целосниот редослед на натпреварите:

Генерација 2004 година:

  • 10:00 часот ФК Рудар Јуниор, Пробиштип – ФК Борец Јуниор, Велес
  • 10:45 часот ФК Мал Ајакс-Вардар, Штип – ФК Слога 1934-Вардар, Виница
  • 11:30 часот ФК  Рудар Јуниор, Пробиштип – ФК ФК Слога 1934-Вардар, Виница
  • 12:15 часот ФК  Мал Ајакс-Вардар, Штип – ФК Борец Јуниор, Велес

Генерација 2006 година:

  • 10:00 часот ФК Мал Ајакс-Вардар, Штип – ФК Слога 1934-Вардар, Виница
  • 10:35 часот ФК Рудар Јуниор, Пробиштип – ФК Борец Јуниор, Велес
  • 11:10 часот Мал Ајакс-Вардар, Штип – ФК Борец Јуниор, Велес
  • 11:45 часот ФК  Рудар Јуниор, Пробиштип – ФК ФК Слога 1934-Вардар, Виница