Словачка го осуди нападот во Гошинце

Министерот за надворешни работи на Словечка, Мирослав Лајчак, доцна синоќа на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“ го осуди терористичкиот напад на полициската станица во местото Гшинце во Република Македонија, пренесува МИА.
Лајчак, кој важи за голем пријател и поддржувач на македонската држава во нејзините евро-атлантски интеграции, порача и дека одблиску ќе го следи развојот на настаните во нашата земја.
– Нападот на полициската станица во Македонија, иако редок инцидент, сепак мора да биде силно осуден. Одблиску ќе ја следиме ситуацијата, порача словачкиот шеф на дипломатијата на „Твитер“.
Претходно, Европската унија, преку Европската комисија, изрази исто така загриженост за настанот во Гошинце и побара политичките партии во Македонија да вложат силни напори да се избегнат тензии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.