Словачка избира претседател

Жителите на Словачка денеска го избираат четвртиот претседател на Републиката, бидејќи на средината на јуни му истекува мандатот на актуелниот шеф на државата, Иван Гашпарович.

За оваа позиција се борат 14 кандидати, а според анкетите најголеми изгледи за победа има актуелниот премиер, Роберт Фицо, на кого опозицијата му забележува дека со својата партија сака да ја приграби целата власт.

Иако од почетокот на кампањата Фицо се смета за апсолутен фаворит, стравот кај гласачите од неговата преголема доминација му донесе поддршка на неговиот противкандидат, Андреј Киска, ново политичко лице и милионер, филантроп кој во 2006-та година основал хуманитарна организација за помош на семејствата кои имаат болни деца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.