Словачка компанија заинтересирана за инвестирање во Македонија

Министерот за животна средина просторно планирање Нурхан Изаири денеска оствари работна средба со министерот без ресор Фуркан Чако и преставниците на словачката компанија АДАТО.

На средбата, како што информираат од Министерството, претстaваниците на компанијата го информираа министерот Изаири за статусот на компанијата, како и за нивната заинтересираност за вклучување во проекти поврзани со секторот води.

Освен тоа, на средбата беше разгледана можноста за воспоставување на соработка во заштита на водните ресурси.