Словачка „мирно“ ќе го дочека евентуалното излегување на Грција од еврозоната

Словачкиот премиер Роберт Фицо ја исклучи веројатноста од секаква дополнителна помош за Грција, истакнувајќи дека Словачка „мирно“ ќе го дочека евентуалното излегување на Грција од еврозоната, соопшти грчкиот сајт „Њуз.ин“.

Никој во Европа не сака да дава пари за Грција, рече словачкиот премиер во интервју за „Фајненшел тајмс“ и дополни дека нему ќе му биде невозможно да и објасни на словачката јавност дека сиромашната Словачка треба да ја финансира Грција.

Според Роберт Фицо, евентуалното излегување на Грција од еврозоната „е помалку опасно сега, отколку пред две, три или четири години“.

Словачка, како членка на еврозоната, во јуни 2012 година се закани дека ќе побара Грција да ја напушти монетарната унија доколку Атина не ја прифатеше програмата за рестрикции во замена за меѓународната помош, што ја добива.

Доколку Грците не ги почитуваат условите кои и се поставени за заздравување на нејзините финансии, Словачка ќе се приклучи кон земјите кои ќе побараат Грција да ја напушти монетарната унија, изјави тогаш Роберт Фицо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.