Словачка не отстапува од ставот за непризнавање на Косово

Словачкиот амбасадор во Белград, Јан Варшо, денеска изјави дека ставот на официјална Братислава околу непризнавањето на Косово како самостојна држава останува непроменет.

„И покрај многуте шпекулации кои излегоа во јавноста, Словачка не го промени своето мислење и понатаму останува на стариот став дека нема да го признаеме Косово како самостојна република“, рече Варшо.

Варшо вели дека претседателот на Владата и шеф на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак, при неодаменшната посета на Белград, ја потврдил позицијата околку непризнавањето на Косово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.