Словачкиот претседател ќе ја дели платата со сиромашните

Бизнисменот и филантроп Андреј Киска, кој победи на претседателските избори во Словачка, во март, а кој на функцијата ќе стапи на 15 јуни, потврди дека неговата плата ќе ја дели на семејства кои се нашле во тешка финансиска ситуација, јави дописникот на МИА од Прага.

„ Мојот план е да им се обратам на најголемите добротворни организации и од нив ќе побарам да ми дадат информации за семејства кои се борат со судбината и за кои државата не може да се грижи и ним да им се дели мојата плата“, рече Киска, кој е основач токму на две добротворни организации.

Идниот словачки претседател, потврди дека неговата сопруга ќе им се посвети повеќе на нивните деца, а не на функцијата прва дама, како што досега Словаците беа навикнати.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.