Словачкиот претседател се откажа од својата плата

Милионерот Андреј Киска кој во саботата победи во вториот круг од претседателските избори во Словачка, се откажал од претседателската плата во текот на својот петгодишен мандат.

Киска на изборите освои 59,04 отсто од гласовите, а премиерот Роберт Фиц го надмина за над 20 отсто од гласовите.

Според тамошните медиуми, тој во предизборната кампања вложил толку голема сума на сопствени средства кои надминуваат износ кој што би го заработил додека е на претседателска должност.