Словачка и Холандија испраќаат помош за поплавените

Во Дирекцијата за заштита и спасување денеска ќе пристигнат донации за настраданите во поплавите од Република Словачка и Република Холандија.

На примопредавањето на донациите ќе присуствуваат претставници од амбасадите и претставници од Владата на Република Македонија.

Донациите ќе бидат предадени во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во населба Аеродром, каде се наоѓаат просториите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Во Република Македонија досега преку Механизмот за цивилна заштита пристигнаа донации од Грција, Австрија, Чешка, Унгарија и Бугарија.