Македонија

Словачки полицајци на македонско – грчката граница

Словачки полицајци на македонско – грчката граница

Словачки полицајци на македонско – грчката граница. На барање на министерот за внатрешни работи на Република Македонија во земјава пристигнаа 25 членови од полициската единица на Република Словачка кои ќе спроведуваат заеднички патроли со македонските колеги на македонско-грчката граница.

Како што информира Словачката амбасада во Скопје, словачките полицајци ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел заштита на границата, борба против криумчарењето и помош во управувањето на миграциските текови. Словачките полицајци ќе бидат опремени со осум теренски возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.

Оттаму прецизираат дека со испраќањето на 25. полицајци Словачка ќе биде најголем придонесувач по глава на жител од шесте земји кои испратија свои полициски сили на македонско-грчката граница како израз на солидарност во решавањето на мигрантската криза.