Словачкиот премиeр одработи ноќна смена поради солидарноста со работниците

Словачкиот премиер Роберт Фицо одрabоти осумчасовна ноќна смена на подвижна лента во фабрика сверно од главниот град Братислава, заедно со работниците коишто бараат зголемување на платите.

Овој потег на премиерот Роберт Фицо доаѓа откако германските инвеститори и домашните работодавачи протестираа минатата седмица поради неговиот предлог за нов закон за платите со кој би се зголемил додатокот за ноќна работа.

Словачка е членка на Европката унија со сразмерно ниски плати во којашто западните компании поради тоа и го селат своето производство.

Со законот кој го предложија социјалдемократите на премиерот, час ноќен труд би се плаќал по 1,40 евра, наместо досегашните 54 евро центи.

Покрај тоа, подобро би се плаќал и работниот ангажман во недела, така што сега сатницата се зголемува за 100 отсто, наместо досегашните 50 отсто од договорениот работен час.