Македонија

Словенец и Полјачка спасени откако се нашле во бездна на Галичица

Пронајдени се изгубените странци кои преживејаа вистинска драма на Галичица!

Во близина на охридско Велгошти двајца странци, еден Словенец и една жена во Полска се нашле во бездна, од која не можеле да излезат.

Околу 12 часот дента тие тргнале и сакале да заминат за Преспа. Но по долго пешачење над Велгошти, над манастирот “Света Петка”, се нашле во провалија.

Тие од мобилен телефон околу 20:30 часот се јавиле во полиција и кажале дека се загубиле. Потоа ниту тие, ниоту спасувачите не можеле да воспостават контакт. Подоцна преку џипиес странците биле лоцирани.

„Спасувачки екипи веднаш тргнаа. Први до изгубените странци стигнаа екипите од националниот парк Галичица, нешто по полноќ. Беа во летна облека, исплашени и накиснати поради дождот кој врнеше во овој дел на планината”, ни изјави Сашо Точко, првиот човек на Црвен крст – Охрид.

Момчето и девојката по пронаоѓањето биле префрлени во Охрид, каде што биле сместени.