Свет

Словенец поставен за координатор во ЕУ за миграција

Словенец поставен за координатор во ЕУ за миграција

Андреј Грошељ, советник во постојаното претставништво на Словенија во ЕУ, ќе стане еден од првите координатори за миграција во Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС).

Неговата работа како координатор во Директоратот за глобални предизвици ЕЕАС ќе биде да ги координира активностите на европската служба поврзани со миграциската криза, како и соработката со другите служби на Европската комисија, пренесува МИА.

Посебен акцент ќе биде ставен на примена на обврските кои се преземани на самитот на ЕУ – Западен Балкан од октомври 2015 година и самитот ЕУ – Африка и ЕУ – Турција, од ноември минатата година, пренесува словенечката агенција СТА.