Словенечки свештеник осомничен за педофилија

Словенечки свештеник e осомничен за сексуално злоставување на малолетничка на која и предавал веронаука. На 54-годишниот свештеник му одреден домашен притвор и воедно му е забранета работа со деца, соопштија денеска претставници на Католичката црква во Словенија.

За вакво дело се предвидува казна затвор од три до десет години, соопшти словенечката полиција.

Девојчето кое било сексуланозлоставувано од страна на свештеникот е на 15 годишна возраст.

Портапаролот на Коперската бискупија изјавил дека Црквата активно соработува со властите во врска со случајот.