Словенечкиот министер за одбрана и градоначалникот на Љубљана се обвинети за измама

Словенечкиот министер за одбрана Роман Јакиќ и градоначалникот на главниот град Љубљана, Зоран Јанковиќ, се обвинети во рамките на истрагата за корупција, во врска со изградбата на спортски објекти, пренесе „АФП“.

Директорот на Националната агенција за истраги изјави дека обвиненија се покренати против пет лица и една организација, против кои има основано сомневање за измама, со цел добивање на пари и социјални бенефиции.