Словенечки „Каварна Хајек“: Кога ќе те претепа сопствениот народ, не можеш да бидеш херој, може само да си предавник

Денот на борбата против окупаторот, 27 април 2017год., кој во Словенија ги разгорува духовите поради својата измисленост и невистина, во Македонија стана вистински Ден на борба против окупаторот. Долго се готвеше, скоро три години, од кога социјалдемократите (СДСМ) почнаа со незаконските придобиени снимени телефонски разговори, од сеуште неразјаснети извори и автентичност, да ја руши легитимно избраната македонска власт. Десно ориентирана, составена од министри од редовите на македонската партија ВМРО-ДПМНЕ и партијата на албанците во Македонија ДУИ. За да би можеле вистински да ја разбереме генезата на сегашните настани во македонското Собрание, мора да погледнеме малку поназад во минатото, пишува во својата анализа словенечкиот портал „Каварна Хајек“ за случувањата во Македонија.

Од самото осамостојување на Македонија, македонските албанци учествуваа во составување на Влада на РМ, ги имаа сите права за употреба на својот мајчин јазик, култура, застапеност во локалните институции. Македонија за западните демократски држави, кои го мереа секој чекор на новонастанатите демократии, важи за пример кој треба да се следи во однесувањето со малцинствата, мултикултурен рај, »оаза на мирот на Балканот«.

-Помеѓу мнозинството на македонскиот народ и малцинствата Албанци (исто и Роми, Срби, Власи и Турци) немало поголеми тензии и конфликти. Се до 2001-ва година, кога вооружениот конфликт помеѓу Србите и Албанците на Косово се прели во Македонија, каде се формираше паралелна паравојска на терористичката формација УЧК и почна да ја напаѓа Државата, и кога Западот (поточно Клинтоновата администрација и подредената ЕУ) тие албански терористи ги призна за »борци за слобода« и на крајот на конфликтот на државата Македонија им го наметна Охридскиот договор, со кој сите малцинства во Македонија, кои се над 20% од вкупното население, добија широки права за употреба на мајчиниот јазик, процентна застапеност во локалните, регионалните и државните институции, и посебни поовластувања. Се разбира тие права им припаднаа само на Албанците, кои по нивно биле 25% и како малцинство добија најголеми права во Европа, неспоредливо повеќе со правата на било кој малцински народ пошироко во регионот. При составивањето на секоја Влада важеше непишаното правило дека Владата се составува од победничките партии од македонскиот и албанскиот блок. Се до минатиот декември, кога на предвремените парламентарни избори победи ВМРО-ДПМНЕ на македонската и ДУИ на албанската страна, стои во анализата,

Македонија последните години ја води двоецот ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Мирно, без посебности, во согласност и хармонија, низ карпите на светската економска криза, со фактички невообичаени високи економски параметри на раст, со многу странски инвестиции, раст на БДП, пад на степенот на невработеност. Само поради вештачки наметнатиот спор околу името и ветото од соседна Грција, Македонија останува пред затворени врати на НАТО и ЕУ, која секоја година и дава препорака за прием, и во исто време ја условува со нови и нови измислици, зошто се уште не смее да пристапи со преговори, зошто се уште не може да стане членка.

-Барем така мислевме. Во позадина всушност дејствува Џорџ Сорос, кој во Македонија востановува цврста мрежа за рушење на држави, системи, па и на ЕУ.Во Македонија активното Отворено Општество, кое со години го водеше Владимир Милчин, агент на македонската УДБА, шпиун на поранешниот систем, основа и со пари напои преку 85 невладини организации со позната агенда-мултукултурност, права на ЛГБТ, права на малцинствата. Невладините организации, поединци, партии и медиуми, Сорос и неговото Отворено Општество ги обезбедуваа со пари. Во моментот кога Македонската држава херметички ја затвори својата јужна граница за »бегалците«, »мигрантите« и исламските освојувачи на европскиот континент, кога Македонската држава која не е членка на ЕУ ја одбрани шенгенската а во исто време и европската граница, Соросовите организации ги активираа своите платеници, да започнат со рушење на легитимно избраната власт, пишува „Каварна Хајек“.

Тие најпрво го поддржаа лидерот на социјалдемократите Зоран Заев при објавувањето на незаконско придобиените, можеби и монтирани снимени телефонски разговори на владеачките политичари, новинари, познати и јавни личности; се со намера да кај гласачите предизвикаат незадоволство, револт и превземање на власта.

-Кога ниту тоа не го постигна саканиот ефект, македонската јавност пред се скептично гледаше на сите овие случувања и не веруваше во ”чесните”намери на Заев (аболициран криминалец, осуден поради корупција како градоначалник на Струмица), Сорос ги активираше платените демостранти, да си играат т.н. шарена револуција-со своите протести, кога во Скопје со боја ги фарбаа спомениците и зградите, уништуваа државен имот-сподбудуваа »обични« граѓани, да им се придружат во протестите и така, во одредено време, да бараат предвремени парламентарни избори, за да победат социјалдемократите, и секако да ја отворат границата со Грција за да може исламската инвазија непречено да продолжи. Во исто време пратениците на СДСМ, непосредни наследници на КП на Македонија, ја бојкотираа работата на Парламентот и година и пол не се појавуваа на седниците (а нормално плати примаа), ја одбиваа понудата на владеачката партија да си ги одмерат силите на предвремени избори. Соросовите марионети, социјалдемократите, ЕУ-бирократите и активните амбасадори беа сигурни дека Македонците (после целата пропаганда од скоро три години) на декемвриските предвремени парламентарни избори ќе ја изберат левата опција и агендата ќе биде исполнета. Но не беше така, стои во анализата.

На изборите, иако со два пратеника повеќе,повторно победи, веќе десетти пат по ред, ВМРО-ДПМНЕ.

-Социјалдемократите беа втори, но за нив не гласаа само Македонци, туку и Албанци (се разбира на штета на »своите« албански партии, кои поради тоа освоија десет пратенички места помалку). Претседателот Иванов мандатот го додели на Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, но тој не беше успешен во преговорите за коалиција со својата досегашна партнерска партија ДУИ. Всушност ДУИ, како што стана јасно веднаш по изборите, веќе почна да пактира со социјалдемократите, кои на албанските партии им вети до сега нешто незамисливо-државотворност. Државотворност, која води конфедерализација на државата. Тие ветувања Албанците на состанокот кај премиерот на соседната држава Албанија Еди Рама ги преточија на хартија и ја именуваа Тиранска платформа. Сомнително слична на сите планови на Призренската лига-Голема Албанија. Албанците би составиле нова влада, која би ја водел Зоран Заев, корено посегнаа по основите на Македонската држава. Република Македонија би станала »држава на Македонците и Албанците«, албанскиот јазик би бил службен јазик на целата територија на Р. Македонија (сега е службен јазик таму каде што Албанците се повеќе од 20%), новата влада би ги сменила сите државни симболи, знамето, грбот и химната, за да би биле »повеќе во согласност со двонационалниот карактер«. И на крајот-новата влада би отпочнала веднаш преговори со соседна Грција за промена на името. Какво би било новото име, тоа го препуштам на имагинацијата на читателот, се вели во текстот.

Зоран Заев и неговите социјалдемократи се спреми сето тоа да го исполнат само да дојдат на власт. Сето тоа го заменија за албански гласови. Албанците, за прв пат во историјата на модерна Македонија, дадоа околу 10000 гласови за македонска партија. Поради ветувањата на Заев. Македонците, кои во декември гласаа за Заев, не знаеа за тие негови ветувања. Кога се се дозна, Македонците, кои гласале за Заев, Македонците, кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ, и Македонците, кои воопшто не гласале, почнаа спонтано да се собираат за да ја зачуваат својата Држава и против разнебитување на државата, за која се бореле столетија наназад. Не смееме да замижиме пред фактот дека, давањето на поголеми права и државотворност на албанскиот народ во Македонијае само прв чекоркон федерализација и отцепување односно присоединување кон двете албански држави (Албанија и Косово), што ќе значи исполнување на планот за Голема Албанија.

-Спонтаното собирање, именувано Четврти Илинден, со парола ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, на улиците на Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Струмица и Кичево (на улиците на повеќе-40 градови во Македонија) тече веќе 60 дена. Иако на почетокот се чинеше, дека тоа движење е пред се поддржано од ВМРО, на улиците излегоа млади и стари, членови на НОБ, АСНОМ и приврзаници на историското ВМРО, уметници, интелектуалци, мажи и жени, Македонци, Бошњаци, Турци, Роми, Власи, Срби. Во одбрана на Македонија. Во одбрана на државата Македонија таква, каква што е сега. 60 дена мирно протестираа со транспаренти и песна, во поворки од илјади, десетилјади, вкупно двестаилјади ги имаше. Секој ден, од понеделник до петок, точно од пет попладне.

И шеесетиот ден, 27 април 2017 год., во 17 часот кога сите демостранти беа собрани пред Собранието, пратеник од албанската партија на говорницата на Македонскиот Парламент ја запеал химната на државата Р.Албанија. И пратениците на СДСМ и на албанските партии, со поддршката на странските амбасадори и претставниците на »меѓународната заедница« (пред се од левичарски држави, исто и од Словенија) по завршувањето на седницата на парламентот, надвор од деловникот и законите, избраа нов претседател на парламентот, поранешен командант на терористичката воена организација УЧК Талат Џафер. Пред само 16 години УЧК под водство на истиот тој Џафери, масакрира осум Македонци, полицајци и војници во служба на Македонија. Очигледната провокација, химната на Албанија интонирана во Македонскиот Парламент и нелегалниот избор на поранешниот терорист за претседател на Македонскиот Парламент, кај мирните демонстранти ја прели чашата. Демонстрантите, спонтано влегоа во парламентот, да ја превземат институцијата во свои раце и да се соочат со своите крвници, со своите предавници, со луѓето што го продадоа својот сопствен народ за грст златници за власт, за интересите на тие што со години ги плаќале, се вели во анализата.

-Дали насилството е оправдано и може да се прости? Секако дека не. Но е разбирливо, Гнев, бес, немоќ, кој во Македонците се собира во последните три години, се преточи во спонтани протести и ескалираа со случувањата во народниот парламент. На тоа и сметаа. Само така можеа да го прикријат нелегалното, надвор од деловникот, уставот и законот, устоличување на претседател на парламент, на тој начин се обидоа да го прикријат своето предавство. Но Народот, Македонскиот Народ не се дава. Следеше нов мирен марш, овојпат пред канцеларијата на представникот на ЕУ. Затоа што точно таа ЕУ, во чие име Федерика Могерини и Јоханес Хан го честитаа и легитимизираа изборот на Талат Џафери, носи дел од вината за настанатата ситуација, се вели во текстот.

Исто така се виновни и амбасадорите на странските држави во Македонија, кои очигледно и без срам се мешаа во внатрешните работи на суверена држава, во која се акредитирани.

Кога бараа да се избере влада по нивен вкус.

Кога на денот на изборите ја посетија државната изборна комисија.

Кога бараа дијалог, а не сакаа да се сретнат со претставниците на народот, кој на улиците два месеци порачуваше дека Тиранската платформа не може да биде прифатена.

Мора да бидеме свесни дека меѓу нас се луѓе кои се подготвени да го продадат својот сопствен народ и својата тешко заслужена држава за грст трошки од богатата (Соросова) трпеза.

Но секој народ има граница на толеранцијата и која лесно може да дојде до точка, кога сам ќе ги земе работите во свои раце. 27 април 2017г. Така стана вистински Ден на борба против окупаторот.

Протестите во Македонија нема да престанат. Македонците нема да дозволат, домашните предавници и туѓите вазали на богаташот со перверзен план за уништување на Европа, да им ја земат нивната држава. Смирување на страстите е можна само со нови предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните на Република Македонија ќе се изјаснат дали се за или против Тиранската платформа.

»Да се преброиме«, велат Македонците, »колку сме, толку сме, токму сме«.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.