Словенецот Лоргер потпиша за Натурхаус Ла Роха

Поранешниот голман на унгарскиот Џер, словенечкиот голман Грегор Лоргер е нов член на шпанскиot АSOBAL лигаш Натурхаус ла Роха од Логроњо. Ова е враќање во овој клуб за Лоргер, кој настапуваше во дресот на Натурхаус во периодот меѓу 2009 и 2011 година.

Покрај за клубот од Логроњо, во Шпанија Лоргер го носеше дресот и на Ваљадолид во Шпанија, а во татковината го бранеше голот на Цеље Пивоварна Лашко. 32 годишниот словенец е трето засилување на Натурхаус ла Роха за новата сезона по Хорхе Силва од Гвадалахара и Алекс Костоја од Хуанферса. Лоргер ќе се бори за поголема минутажа на голот заедно со Акекс Санчез Капон.