Балкан

Словенија бара Србија да и го врати културното наследство од времето на поранешна Југославија

Словенија бара Србија да и го врати културното наследство од времето на поранешна Југославија

Словенија и предала на Србија листа на дела од „словенечкото културно и дипломатско наследство“ што се наоѓаат во некогашните сојузни институции на поранешна Југославија и во музиите и архивите во Белград, кои бара да и бидат вратени врз основа на договорот за сукцесија на СФРЈ, пренесува МИА

Како што јави ХИНА, високата претставничка на Словенија за прашања поврзани со сукцесијата, Ана Полак-Петрич за љубљанскиот весник „Дневник“ изјави дека на лсиата има 313 уметнички предмети и документи, што се наоѓаат на територијата на Србија. Листата вчера му била предадена на српскиот амбасадор во Љубљана, Алескандар Радовановиќ

Заедничкото култирно и дипломатско наследство десега не беше во центарот на преговорите за сукцесија на СФРЈ, кои во најголема мерка беа насочени кон недвижностите и финансиските средства.

Полак-Петрич изјави дека очекува следен чекор по ова прашање да биде посета на словенечки експерти на Србија, со цел да направат попис на делата наведени во предадениот список.

На лисата на дела на културното наследтсво, чие враќање бара Љубљана, покрај слики и скултури на автори од Словенија, се наоѓаат и оргигинални словенечки филмови што се складирани во Југословенската кинотека, како и други предмети, меѓу кои и остатоците од авионот при чие уривање во Белград во 1911 година загинал словенечкиот пилот Едвард Русјан и поштенската кочија од крајот на 20-от век, кој е изложена во Поштенскиот музеј во српскиот главен град.

Покрај ова, Словенија бара да бидат предадени и оригиналните меѓународни договори потпишани од страна на поранешна Југославија од 1918 година, а кои се однесуваат на словенечката територија, меѓу кои и спогодбите со кои по Втората светска војан е утврдена границата меѓу Италија и тогашна СФРЈ.