Словенија со целосна поддршка за евро-атлански интеграциите на Македонија

На средбата, како што рече Јолески, било разговарано и за безбедносната ситуација во регионот, Европа и пошироко, како и дека за мигрантската криза.

– Сите земји од регионот внимателно ги следиме настаните поврзани со мигрантската криза и ја искажавме нашата определба да разменуваме мислења, да соработуваме и координираме во справувањето со овој предизвик согласно со заклучоците на Европската Комисија од октомври минатата година, рече Јолевски.

Министерот Јолевски, исто така, изрази благодарност за поддршката од Словенија за справување со мигрантската криза и посочи дека моментално имаме осум словенечки полицајци на нашата јужна граница. Тој се заблагодари и за добиената помош за справување со последиците од поплавите во Скопје.

Двајцата министри на средбата се заложиле за понатамошно продолжување и интензивно работење на зајакнување на меѓусебната билатерална соработка.

Министерката за одбрана на Република Словенија Андреја Катиќ, по средбата се заблагодари на гостопримството и одличната досегашна соработка, како и за се што Македонија прави за справување со мигрантската криза.

– Словенија го презеде водството на Канцеларијата на НАТО и ќе продолжи со помагање на Македонија во нејзините евроатлантски интеграции. Со министерот разговаравме за конкретни проекти и соработка, како за споделување на искуства и стратешка одбрана, така и за модернизација на војската и одбраната, рече Катиќ.

Словенечката министерка за одбрана, како што е најавено, ќе биде примена и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.