Словенија го гради вториот блок од нуклеарката Кршко

Словенија планира изградба на вториот блок од нуклеарката Кршко, а предлогот за тоа е составен дел од коалициониот договор кој што го подготвува владата на словенечката премиерка, Аленка Братушек.

Како што објавуваат тамошните медиуми, предвидено е референдумот за изградба на новиот блок да биде одржан пред завршување на редовниот мандат на актуелната влада, односно до 2015-тата година.

Советодавниот референдум за можната изградба на вториот блок, кој што би чинел околу 3,5 и четири милијарди евра, ќе се одржи бидејќи изградбата на другиот блок е предвидена со важечките планови за развој за Словенија до 2023-та година, но финансирањето на проектот е ставено под знак прашање, а се противат и невладините здруженија.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.