Словенија го заостри законот за азил

Словенија го заостри законот за азил
Словенија го заостри законот за азил
Словенечкиот Парламент доцна синоќа усвои закон со кој се забрзува разгледувањето на барањата за азил во земјата, со цел да се намали приливот на мигранти.

Целта на овој закон е да се овозможи брза и ефикасна процедура за одобрување азил на оние кои им е навистина потребен, и да се постават темели за ефикасна политика за враќање на оние лица кои не ги исполнуваат условите за меѓународна заштита, изјави словенечката министерка за внатрешни работи Весна Ѓеркеш Жиндар.

Законот за меѓународна заштита е усвоен со 45 гласа, а против се изјасниле четворица пратеници. Опозициските партии го бојкотираа гласањето откако владејачката коалиција ги отфрлила нивните барања за уште построги услови за азил и ограничување на бројот на мигранти кои влегуваат во Словенија.

Меѓународната организација Амнести интернешанал упати критики за законот, нагласувајќи дека значително ги намалува правата на бегалците и барателите на азил, а во некои делови ја прекршува и Европската конвенција за човекови права.

Низ Словенија од октомври минатата година минале речиси половина милион мигранти на пат кон Австрија и Германија, но само 442 поднеле барање за азил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.