Балкан

Словенија на прво место во светот по бројот на извршени трансплатации на срце

Словенија на прво место во светот по бројот на извршени трансплатации на срце

Словенија, каде годишно се вршат од 100 до 150 трансплантации на органи, се наоѓа на прво место во светот по бројот на извршени срцеви трансплантации, јави Танјуг, пренесе МИА.

Според податоците на меѓународниот регистар Словенија е на прво место со 14,3 трансплантации на срце на еден милион жители.

Во Љубљана во изминатите пет години се извршени во просек 17 трансплантации на срце годишно, а само минатата година се извршени 33 успешни пресадувања на срце. Во првите пет години од трансплантацијата преживуваат 80 проценти од пациентите, што исто така е меѓу најдобрите резултати во светот, соопшти на прес конференција екипа за трансплантации на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана.

За пресадување на срце во Словенија се чека во просек до една година, а во итни случаи времето се скратува до 35 дена.

Трансплантации на срце во Словенија се вршат од 1990 година. 

ФОТО: medicine.mcgill.ca