петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 25

Словенија наскоро ќе ја отстрани оградата од границата со Хрватска

ограда

Последни вести

Словенија наскоро би требало да ја отстрани жичената ограда од хрватско-словенечката граница, пишува загребскиот весник „Јутарњи лист“, повикувајќи се на извори од Кабиентот на храватскиот премиер Тихомир Орешковиќ.

Како што наведува весникот, минатата недела на Самитот на ЕУ во Брисел,  словенечкиот премиер Миро Церар му ветил на Орешковиќ дека тоа ќе се случи наскоро.

Изворите од Кабинетот на хрватскиот премиер, проценуваат дека тоа би можело да се случи за 15 дена, но рокот не е договорен, пишува весникот.

Словенија минатата година на 44 различни локации долж словенечко-хрватската граница постави жичена ограда во вкупна должина од 155 километри.

На тоа се противеа жителите кои живеат од двете страни на границата, а храватското Министерство за надворешни работи дури осум пати упати протесна нота до Љубљана поради жичената ограда, но без резултат.

Петицијата за отстранување на жицата ја потпишаа повеќе од 5.000 словенечки граѓани.

Исто така, во неколку акции за отстранување на делови на жицата учестуваа и невладини организации од Хрватска и Словенија, противејќи се за оградата „поставена во 21 век во срцето на Европа“.

Најчитани вести