Балкан

Словенија нема да бара финансиска помош од ЕУ

Словенија нема да бара финансиска помош од ЕУ

Економијата на Словенија ќе се опорави без европски помошен план, изјавила денеска премиерката Аленка Братушек за германскиот весник „Ди Велт“.

„По се изгледа дека успеавме да го изгасиме огнот. Сега мораме да развиеме долгорочна стратегија за земјата“, рекла Братушек. На прашањето дали Владата успеала да ја постигне целта да избегне потребата од меѓународна помош, Братушек одговорил потврдно.

премиерката признала дека земјата се’ уште мора да ги консолидира своите јавни финансии, но истакнала дека сака сама да одлучи како тоа да биде направено.