понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 1

Словенија од полноќ во целост ќе го применува Шенгенот

Словенија од полноќ повторно во целост ќе го применува Шенгенскиот договор на својата граница со Хрватска, јавува словенечката агенција СТА и наведе дека тоа е во согласност со договорот за затворање на балканската мигрантска рута, кој беше постигнат на самитот на ЕУ и Турција во понеделникот, пренесува „Танјуг“.

sengen

Последни вести

Оваа агенција пренесува дека полицијата дозволува влез во Словенија само за странци со валидни патни документи, на лицата што ќе изразат желба да побараат меѓународна заштита и на поединците на кои што им е потребна хуманитарна нега.

Словенечкиот премиер Миро Церара по самитот во Брисел порача дека балканската мигрантска рута повеќе ја нема и дека словенија во иднина во земјата ќе ги пушта само оние што имаат соодветни документи за влез во шенгенското подрачје.

Самитот упати мошне јасна порака до сите оние што криумчарат бегалци и илегални мигранти дека балканската рута повеќе не постои, рече Церар.

Во заклучоците на собирот беше наведено дека „незаконските текови на мигрантите се завршуваат“, додека предлог заклучокот дека „балканската рута од сега е затворена“, за којшто се заземаше и Словенија беше испуштен, но Церар рече дека смислата на заклучокот со кој што понатаму сите се сложиле е заправо ист.

Заклучокот е донекаде преформулиран, но смислата сеуште е иста, балканската рура за илегална миграција повеќе ја нема, рече словенечкиот премиер.

Најчитани вести