Словенија распродадена: Последната голема фабрика „Горење“ продадена на странци

По „Меркатор“, „Фруктал“ и „ Дрога Колинска“, и последниот словенски бренд „Горење“, не е веќе во домашни раце.  По успешното преживување на транзицијата и три докапитализации искажани преку вкупна вредност од 36,6 милиони евра во последната година ипол, сега 51,9 отсто од сопственичкиот удел во „Горење“ држат странци, пренесува „ Пословни дневник“.

Во оваа компанија која повеќе од половина век произведува куќни апарати, најмногу удел зад кој стои странски капитал имаат: „Меѓународната финансиска коорпорација“ (ИФЦ) со 11,8 отсто и јапонската групација „Панасоник“ со 9,5 отсто, која во „Горење“ инвестирала 10 милиони евра во 2012 година.

Иако Управниот и Надзорниот одбор на компанијата во август 2013 година изнеле проекција дека имаат намера со докапитализацијата во три груга, акционерскиот  капитал да го зголемат од 66на 129 милиони евра, тоа не се реализирало.

Имено, со извештајот за работа за првите шест месеци годинава, објавен е податок дека акционерскиот капиталот изнесува 101 милион евра.

Компанијата „Горење“ за половина година остварила приход во висина од 601 милион евра. Со оглед на тоа дека минатата година, во првите шест месеци „Горење“ покажа губиток од 7,8 милиони евра, оваа година засега носи позитивни требдови.

Словенците долги години им одолеваа на предизивиците за приватизација, задржувајќи ги под државна стратегија најголемите компании наспроти нивното лошо работење.

Според „Пословни дневник“, најдобра илустрација за противење на влегувањето на новите сопственици е поврзана со „Меркатор“, кој станува дел од „Агрокор“.
Во меѓувреме од лепезата на некогашните компании, српски „Нектар“ го презеде „Фруктал“, а хрватската „Атлантик група“  ја зема „Дрога Колинска“.

Европската омисија деновиве инсистира на стечај на „Елан“, поради незаконско работење, а на 15 фирми, чиј мнозински сопственик е државата,  приватизација е закочена поради вонредните парламентарни избори одражани неодамна.