Словенија со извоз покрила 98 отсто од увозот

Словенија во 11-те месеци од минатата година извезла стока во вредност од околу 20 милијарди евра, а увозот изнесувал 20,4 милијарди евра.

Како што објави словенечкиот Завод за статистика, извозот во период од јануари до ноември минатата година изнесувал 19,998 милијарди евра, додека увозот бил 20,419 милијарди евра.

Дефицитот на трговската размена изнесувал 420,6 милиони евра, а покриеноста на увозот со извозот е 97,9 отсто. Извозот е зголемен за 2,2 отсто во однос на истиот период лани, а увозот го зголеми за 0,1 отсто.

Извозот во земјите членки на ЕУ изнесуваше нешто повеќе од 15 милијарди евра, а увозот 16,1 милијарди евра.