Балкан

Словенија со поддршка за Тирк во трката за генерален секретар на ОН

Словенија со поддршка за Тирк во трката за генерален секретар на ОН

Словенечката влада ја поддржа намерата на поранешниот претседател Данило Тирк да се кандидира за генерален секретар на Обединетите нации во период од 2017-та до 2021-ва година.

“Словенечката влада ќе даде ‘адекватна поддршка’ за кандидатурата на Тирк“, соопшти тамошната прес служба.

Тирк од 1992-ра до 2000-тата година беше прв словенечки амбасадор во ОН.

Тирк е избран за претседател на Словенија како непартиски кандидат во 2007-ма година, а на изборите во 2012-тата во вториот круг изгуби од актуелниот претседател Борут Пахор.