четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 41

Словенија ќе се вклучи во борбата против ИД?

Словенија најверојатно ќе понуди оружје и воени инструктори за коалицијата на чело со САД која што се бори против Исламска Држава (ИД), објави денес Радио Словенија, повикувајќи се на неофицијални извори, пренесува Танјуг.

koj-profitira-od-vojna-01-630x342

Поврзани вести

Словенија најверојатно ќе понуди оружје и воени инструктори за коалицијата на чело со САД која што се бори против Исламска Држава (ИД), објави денес Радио Словенија, повикувајќи се на неофицијални извори, пренесува Танјуг.

Тоа радио објави дека словенечките инструктори веројатно ќе ги обучуваат курдските војници во градот Ербил во Ирак, а дека владата во Љубљана тој план би требало да го одобри во текот на денешниот ден.

Словенечкото министерство за одбрана засега несака да ги коментира споменатите наводи. Словенија која е членка на ЕУ и на еврозоната досега не учествуваше во ниту една акција против џихадистите на Исламска држава.

Најчитани вести