Словенија задоволна од состојбата во банкарскиот сектор

Словенија го очекува со доверба заклучокот на странските експерти за состојбата на нејзиниот банкарски сектор, кои ќе одредат дали земјата, член на еврозоната, ќе има потреба од европски спасувачки план, соопшти агенцијата „Франс прес“.

Владата и Централната банка треба да ги објават денес или утре, резултатите од тестовите за издржливост на словенечките банки, спроведени под контрола на Европската унија.

Целта на тестовите е да се одреди износот потребен за рекапитализација на банките и да се фиксира обемот на лоши кредити, пресметани на 7.9 милијарди евра и се предвидува тие да бидат префрлени во така наречената „лоша банка“.

„Во последните осум месеци ги решивме основните проблеми, го изгаснавме пожарот“, изјави неодамна премиерката Аленка Братушек, која увери дека земјата нема да има потреба од меѓународна финансиска помош.

Владата предвидела обем на средствата за рекапитализација, во висина од 4,7 милијарди евра, и смета дека тоа ќе е доволно.

Резултатите од тестовите нема да имаат влијание врз економијата, тие се само сметководствена оценка, што покажува до која мера е лоша ситуацијата во банките, забележува Даворин Крачун, професор на Факултетот за економија и бизнис во Марибор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.