Словенското МНР и’ врачи протесна нота на хрватската амабасадорка

Словенечкото Министерство за надворешни работи на хрватската амбасадорка во Љубљана, Весна Терзиќ, и врачи протестна нота заради неколкуте интервенции на хрватската полиција врз словенечките рибари во Пиранскиот Залив во текот на последните неколку недели, објави МИА.

Словенија во нотата предупредува дека арбитражниот договор за границата одредува дека двете страни мораат да ги избегнуваат сите постапки и изјави што можат да ја заострат или отежнат работата на арбитрите се додека граничниот спор не биде решен, пренесе агенцијата Хина.

Во синоќа врачената нота, исто така, се наведува дека хрватската полиција ги спречила словенечките рибари да ловат риба на „подрачјето каде има разлика во ставовите на двете држави во поглед на морската граница“.

Во два слични „инциденти“ во Пиранскиот залив, што се случија во последите две недели, словенечките рибари, според наводите на истарската полиција, биле во хрватските води, па на тоа биле предупредени.

Словенечките рибари, меѓутоа, тврдат дека се наоѓале во подрачето на словенечката „риболовна зона“ и дека за тоа ја информирале полицијата во Пиран и својата рибарска инспекција, кои, пак, за тоа го информирале Министерството за надворешни работи.

Врз основа на спогодбата за арбитража, која Хрватска и Словенија ја склучија во 2009 година, граничниот спор, најизразен во поглед на разграничувањето на морето, ќе го реши петчлен совет на меѓународна арбитража и неговата одлука се очекува следната година.