Случаи на вирусот зика регистрирани во Чешка и Јапонија

Првите два случаи на заразување со вирусот Зика се регистрирани во Чепка, соопшти чешкото Министерство за здравство, пренесува БТА.

Станува збор за туристи кои се вратиле од Карибите. Првиот случај е маж кој бил во Мартиника, а вториот е жена која била во Доминиканската Република.

Двајцата заразени се вратиле во Чешка пред две недели и со оглед на тоа дека симптомите не се тешки тие се лекуваат во домашни услови.

Истовремено, како што пренесува Тасс, во Јапонија е регистриран првиот случај на заразување со вирусот Зика, при што инфицирано е младо момче кое патувало во Бразил.