Случај „Фабрика за афери“: Судот му одреди притвор на Чауш

Захир Беќири Чауш се сели од Идризово во Шутка, откако судијата на претходна постапка го прифатил барањето на Обвинителството и за осомничениот во Фабриката за афери на СДСМ одредил мерка притвор во траење од 8 дена.  Информацијата за Press24 и официјално ја потврдија од Судот.

Чауш е третиот од случајот „Фабрикаа за афери“ кој доби притвор по последната полициска акција. Освен него, уште едно лице доби 8 дневен притвор, а третото лице ќе остане во Шутка најмалку 30 дена, откако судијата на претходна постапка го прифати барањето на Обвинителството кое ова лице го гони за нелегално поседување оружје.

Захир Беќири Чауш стана познат во јавноста како организатор на Фабриката за афери на СДСМ. Важи за близок човек на Зоран Заев, а лидерот на СДСМ во повеќе наврати призна дека тој е член на СДСМ со кого имал соработка. Во јавноста се појавија и фотографии на Заев со Чауш направени во централата на СДСМ на Бихаќка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.