Свет

Не се потврди сомнежот за смртоносниот вирус МЕРС во Чешка

Не се потврди сомнежот за смртоносниот вирус МЕРС во Чешка
Не се потврди сомнежот за смртоносниот вирус МЕРС во Чешка

Сомнежот за заболеност од смртоносната инфекција МЕРС која постоеше кај едно лице и поради кого беа ставени во карантин уште околу 30 луѓе не се потврди, изјави првиот човек на Чешкиот Завод за јавно здравје Владимир Валента.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, 33-годишниот туристички водич кој пред извесно време престојувал во Јужна Кореја и понатаму ќе биде под лекарска контрола, а другите патници кои со него патувале во Полска кога му се влошила здравствената состојба и кои беа во карантин ќе можат да си заминат дома.

Според Валента, мерките кои се преземаат поради коронарниот вирус МЕРС се соодветни и на аеродромите се информираат патниците со помош на летоци.

Мажот беше хоспитализиран во болница Прага поради висока температура и болки во грлото и поради сомнеж за МЕРС беше изолиран во специјален оддел.

Инфекцијата МЕРС се појави во 2012 година и од тогаш над 1.500 лица се заболени, а една третина од нив починаа.