Случај Дениса: Грчките власти го одобрија транспортот на телото

Судијата од судот во Родос го потпишал решението со кое се дозволува телото за кое се тврди дека е на Дениса Марковска да биде пренесено во Скопје. Се очекува телото да пристигне викендов.

Согласно грчките закони, за да може да се изнесат посмртните останки надвор од Грција потребна е дозвола од надлежен суд.

По пристигнувањето на телото, на барање на родителите ќе следува нова ДНК-а анализа и реобдукција на телото откако министерството за здравство  му даде вакви овластување на институтот за судска медицина.

Обдукцијата во Грција потврди дека телото, кое беше најдено кај Родос, е на Дениса, но семејството се сомнева во резултатите и побара нова анализа.