Случај Дениса: Започна обдукцијата во Скопје

Започна повторната обдукција на телото на девојката пронајдена во водите на Егејското море за која грчките здравствени власти тврат дека е прилепчанката Дениса Маркоска.

Доцна синоќа пристигнаа посмртните останки, а реобдукцијата која се врши по барање на родителите треба да потврди дали телото припаѓа на Дениса .

Младата прилечанка која исчезна на 12 септември. Таа работела на бродот „Серенисима“. Две недели по неа трагаа грчките власти, но и Интерпол. Потоа беше пронајдено безживотно тело за кое ДНК анализата со 99,9% сигурност потврди дека всушност е младата Македонка.

Семејството Маркоски од Прилеп се сомнева во резултатите на грчките власти, затоа што тие го потврдија идентитетот, но не понудија никаков одговор за тоа како починала младата девојка.