Македонија,Крими хроника

Случај „Пошта“: Две години затвор за Фазлиу

Случај „Пошта“: Две години затвор за Фазлиу

Судот донесе пресуда според која одговорноста за пожарот во скопската пошта ја наоѓа кај Фазлиу. Обвинителот на завршното рочите побара судот да го прогласи Фазлиу за виновен…

Со две години затвор е казнет шефот на кабинетот на директорот на Македонски пошти, Арменд Фазлиу во случајот „Пошта“.

Судот  денеска донесе пресуда според која одговорен за пожарот во скопската пошта е  Фазлиу. Обвинителот на завршното рочите побара судот да го прогласи Фазлиу за виновен, поради извештајот од вештачењето кое покажува дека причина за пожарот е човечки фактор.

Одбраната пак тврдеше дека пожарот настанал откако се запалила неисправна електрична инсталација. Директорот на Пошти Рафиз Алити кој е вујко на обвинетиот се откажа од кривичниот прогон.

 

Штетата од 100 илјади евра ќе ја надомести осигурителната компанија.