Случувањата во БиХ, повик за будење на ЕУ

Протестите во Босна и Херцеговина се повик за будење упатен до Европската унија и меѓународната заедница, оцени денеска шефот на британската дипломатија, Вилијам Хејг.

„Потребно е да и помогнеме на Босна на нејзиниот пат кон членството во ЕУ и НАТО, така што би можело да се стави крај на стагнацијата на политиката и Владата во БиХ“, рекол Хејг пред новинарите пред почетокот на состанокот на министри за надворешни работи при ЕУ во Брисел.

Тој додал дека очекува тоа прашање да добие на важност во наредните месеци.

Протестите во БиХ почнаа минатата среда во Тузла, кога работниците чии фирми се приватизирани, побарале оставка од кантоналната влада во Тузла. Протестите се проширија и во другите поголеми градови, а кулминираа во петокот, кога беше демолирана зградата на Владата-кантон, а во Сараево е запалена зградата на Преседништвото на БиХ.