Случувањата во Куманово се пренесуваат и во француските медиуми

Интернет изданијата на француските медиуми ги пренесуваат агенциските вести за престрелките на периферијата на Куманово, јавува дописникот на МИА од Париз.

Во агенциските вести се нагласува дека во операцијата на македонската полиција се повредени повеќе полицајци од кои четворица потешко. Овие инциденти се случуваат по тој на 21 април кога вооружена група од Косово накратко ја презеде контролата на полициската станица на граничната полиција на границата со Косово.

Во француските медиуми се потсетува дека во 2001 година со Охридскиот договор му беше ставен крај на конфликтот меѓу македонските безбедносни сили и албанските бунтовници. Овај договор, на Албанците им донесе повеќе права во општеството.

Во агенциските текстови, се забележува исто така дека земјата во која мнозинството од 2,1 милионското население се православни македонци, е во длабока политичка криза, проследена и со економски проблеми.