понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Слушајте ги поетите наместо политичарите

А тие измеќари - странски платеници, се плодат како глувци. Секој ден се јавуваат нови имиња кандидати за милионски сребреници.

StefanVlahovMitcov

Последни вести

Од дамнешни времиња е познат фактот, дека поезијата има предност пред политиката во нејзината пророчка моќ. Не е потребно да се навраќаме на кинеската, индиската и египетската поезија создадена пред неколку милениуми. Доволно е да се свртиме  внимателно кон големите македонски поети.

Во 1885 година Григор Прличев напиша:

„Мајка Македонија многу ослабнала. Откако го роди големиот Александар, откако ги роди светите Кирила и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи во своето легло ужасно изнемоштена, совршено примрела“.

Само со една реченица Прличев го прогнозира и го расчисти наметнатото прашање за нашиот историски континуитет еден век подоцна од македонските политичари.

Повторно Прличев, во 1889 г. запиша:

„Гр. С. Прличев, убитиј Блгарами“.

Колку децении им беа потребни на македонските политичари да ја разберат кобната улога на Бугарија (а дали и денес ја знаат) за македонската голгота?

Уште пред половина век Блаже Конески кажа:

„Големо ни е името, ќе сакаат да ни го земат“.

Тоа време дојде, нашите политичари, за жал, продолжуваат да спијат или да калкулираат со македонското име (идентитет). Уште во 1970 година, во книгата „Горчливи голтки непремолк“ Гане Тодоровски напиша:

„Толку стравувам /некоја јанѕа ме јаде/ да не би одново да Те раздадеме!“

И неговите стравови стана реалност. Пак во таа книга поетот го постави прашање на кое и денес не знаеме да одговориме:

„Ој, Македонијо, колку ли уште треба за да те домакедончиме!“

Пред својата смрт во 2003 г. Анте Поповски прогнозираше:

„Доколку наредниве дваесетина години Република Македонија, со умна и далековида политика, успее да се зачува како држава во која доминира македонскиот национален сусптрат-кријам големи надежи.“

Сега, под прашалник е не само доминацијата на македонскиот национален супстрат, туку и зачувувањето на македонската држава. Поповски ја гледаше поврзаноста на едното со другото и затоа го поставуваше прашањето за зачувување на македонското име (идентитет) како услов за опстојување на државноста.

Во својот тестамент кон современиците и Петре М. Андреевски (кој замина во бесмртноста во 2006 г.) напиша:

„Но, ние немаме такво паметење за националните навреди од страна на нашите соседи. Како да ни е отсранет центарот за критичка свест и ориентација на нашата мозочна ципа.“

И уште:

„За жал, ние адресата секогаш ја бараме на погрешна улица. Никогаш не сме ја побарале првин во нас, во нашиот колективен и обединет ум, во нашата формациска сила. Се разбира, првин во нашето потесно семејство, а потоа во нашиот народ како наша поширока семејна заедница.“

Тестаментите на нашите поетски гении се најдобрата национална македонска програма. Само што, нашите политичари веќе 24 години бегаат од неа, измислуваат не национални, туку патриотски програми. Всушност, нема ништо за измислување, за создавање. И целите, и програмата одамна  се пред нашите очи, потребна е само храброст да бидат реализирани. Се’ потенка станува нишката на македонската државност, затоа и заветите на големите поетски умови се се потревожни, се пократки, се поапокалиптични јасно дефинирани како во библиското Откровение на свети Јован.

Таква е и новата…

Најчитани вести