Службени возила на општините Струмица и Центар, го чистеа партискиот камп пред Вада

Се пакуваат шаторите пред Влада, откако претходно СДСМ со одлука на Централниот одбор одлучи да го затвори партискиот „Кампот на слободата“ поставен пред шеесетина дена пред зградата на Владата на Република Македонија. Но, денес можеше да се забележи дека чистењето на теренот се врши со службени возила на „последните упоришта на опозицијата“, општина Струмица и општина Центар.

kamp4

 

kamp1

 

kamp

 

kamp6

Уште рано изутринава камперите почнаа да ги пакуваат шаторите. По два месеца станарите од околните згради утре конечно ќе се разбудат со поинаква глетка од прозорците. Но, имајќи предвид дека се користат службени возила за расчистување на теренот, се поставува прашањето дали освен возилата, за партиски цели се злоупотребуваат и пари на народот. Односно кој ги плаќа горивата, возачите и се останато?

Водејќи се од денешната глетка се поставува и дилемата дали можеби целото функционирање на кампот било на сметка на буџетот на овие две општини.

kamp9

 

kamp7

 

 

центар

 

 

kamp9

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.