Службеник бесплатно ќе пополнува формулари во ФЗОМ

Службеник во црвена униформа на посебен пулт за информации ќе им ги пополнува формуларите и документите на осигурениците во подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување во Скопје.

Овој вработен во Фондот бесплатно ќе им ги пополнува формуларите на сите лица кои сами не можат или не знаат како да ги пополнат. Пултот за информации и пополнување документи се наоѓа на влезот на подрачната служба во Скопје.

Од ФЗОМ велат дека одлучиле да отворат посебен пулт за помош на осигурениците, бидејќи пред влезот на подрачната служба забележале дека стојат лица кои им наплаќаат на осигурениците за да им ги пополнат документите.

Сите формуулари за остварување на правата од здравственото осигурување се достапни на нивната веб страница www.fzo.org.mk  во делот обрасци за осигурените лица и тие може да се отпечатат. На интернетс страницата на Фондот за секој образец има упатство како да се пополни и кои документи е потребно да се приложат за одредена услуга.