Службеник од Берово дрвата од работа ги носел дома

ЈП „Македонски шуми“ oбјави повик за набавка на дрва
ЈП „Македонски шуми“ oбјави повик за набавка на дрва

СВР Штип поднесе кривична пријава против раководителот на Подрачното одделение за заштита и спасување во Берово, шеесет и двегодишниот Ј.Г., поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според Министерството за внатрешни работи, од крајот на минатата година до март годинава во повеќе наврати пријавениот како раководител во подрачното одделение за заштита и спасување му наредил на возачот да транспортира дрва во приватна парцела, а кои требало да се складираат во кругот на ПС ОН Берово заеднички објект во кој е сместено и Подрачното одделение за заштита и спасување.

Од приватната парцела пријавениот дрвата ги превезувал во сопствениот дом во Берово, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 74.900 денари,  со кој износ ја оштетил Дирекцијата за заштита и спасување. Со истиот износ го оштетил и МВР на РМ ПС ОН Берово, со што е причинета вкупна материјална штета во износ од 159.800 денари, соопшти МВР.