Службеното возило на Обама може да издржи удар од астероид

Поради зголемената несигурност, автомобилската индустрија произведе автомобил кој најверојатно е најбезбеден во светот, а е службена лимузина за претседателот Барак Обама.

Според зборовите на припадниците на Тајната служба, тоа возило е вистински ѕвер.

Станува збор за блиндиран кадилак, а не за разработка на претходните модели – изјавуваат претставниците на „Џенерал моторс“. Деталите и понатаму се чуваат како тајна, но сепак светските медиуми пишуваат дека автомобилот поседува максимални безбедносни карактеристики.

Автомобилот би можел да издржи удар од астероид, вели еден од новинарите што ја опишува „тврдината на тркала“.

– Дали отпорноста е толку голема, допрва ќе треба да се провери, одговрила, со насмевка портпаролката на производителот Џоана Крел.

Најтенкиот дел од каросеријата е 12, 5 сантиметри, а најдебелиот дел, или вратите, изнесуваат цели 20 сантиметри.

obama_zverrr_vrati

Според некои верзии новата претседателска лимузина е изработена така за да може да издржи подолг напад на атентатори, експлозија од нагазна мина, удар од противтенковски проектил.

Според експертите, станува збор за бункер на тркала.

– Во него претседателот располага со голем број телекомуникациски уреди, поради што истовремено ќе се чувствува дека е целосно изолиран од околината, но и дека е поврзан со најодалечените краеви, вели Џо Фанк, агент на Тајната служба во пензија и возач на поранешниот претседател Бил Клинтон.

Еве уште неколку факти за ѕверот:

-Само еден прозорец смее да се отвори и тоа оној кај возачот, но не повеќе од 7 сантиметри;

-Ако гумите се оштетат, возилото може да го продолжи патот без никаков проблем;

– Резервоарот нема да експлодира дури ни во случај на директен судир;

– Кабината на „ѕверот“ е целосно заштитена од биохемиски напади;

– Во багажникот има противпожарна опрема, кислород, како и резерви на крв;

– Под предните фарови има скриена камера која има можност за ноќно снимање;

– Во возилото има телефон со кој Обама директно може да стапи во контакт со заменик-претседателот и со Пентагон;

-Вратите на лимузината тешат исто колку и вратите на кабината на Боинг 757.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.