Смарт училници – Македонски Телеком спроведува проект за модернизација на образованието

Македонски Телеком стартува нов проект – смарт училници, во кои едукативниот процес ќе се одвива врз основа на паметните технологии. Проектот е во партнерство со Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество и администрација.

Со новиот пилот проект започнаа со работа училниците во средните училишта  „Д-р Панче Караѓозов“ и „Зеф Љуш Марку“. Со овој пилот проект, професорите и учениците во образовниот процес, ќе бидат сведоци на примената на новите технологии во едно ново интерактивно  искуство на совладување на едукативниот материјал.

„Нашата компанија, како технолошки лидер во земјата е посветена новите технологии да ги доближи и да ги направи достапни за луѓето и општеството. Овој проект е добар пример во таа насока. Денешните ученици живеат дигитално и потребни им се соодветни алатки за стекнување на знаење и за комуникација со цел да се соочат со модерните предизвици. Смарт училниците се наменети да станат нивна природна средина за учење и стекнување на знаење“ – изјави Андреас Маиерхофер, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

Смарт училниците се базирани на напреден софтвер како „клауд“ решение за полесна интерактивна комуникација помеѓу учениците и професорите, но и за учење од далечина. Преку интерактивни табли и таблети, ќе се постигне поголема интеракција во училницата, полесно следење на развојот на учениците, лесно прилагодување на училишните планови и подобрување на ефикасноста на учебната администрација.

Овој пилот проект се надоврзува на статегијата на Македонски Телеком за воведување на „паметни” решенија во секојдневниот живот на граѓаните и дигитализација на општеството

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.