Смартфон апликација за секс во тројка

Сакате секс во тројка, но никогаш не сте се осудиле оваа желба да му ја кажете на својот партнер или партнерка, но и партнерот да се согласи кој ќе биде фамозната трета личност? Ова се комплицирани теми, можеби не за Џеј Зи или Леонардо ди Каприо за кои лудуваат милиони девојки ширум светот, но за еден просечен мажи или жена, да ова е комплицирана тема.

Но, новата смартфон апликација 3nder која наскоро ќе се најде на пазар, ќе ве спаси од сите маки. Нејзината задача е на брз и лесен начин да ви овозможи да најдете партнер за во тројка и со тоа да ги задоволите своите сексуални потреби и високо либидо.

Апликацијата, услугите ќе им ги дава на самци и двојки, преку неа ќе можете да ги поделите своите желби и што е најважно ќе ве поврзе со луѓето кои имаат исти сексуални фантазии.