Смената на Рашковски од Телеком е од технички аспект

Смената на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, од функцијата член на Акционерското собрание на Македонски Телеком е направена од технички аспект, појасни во средата владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

„Имајќи го во предвид обемот на активности Владата смета дека советникот за правда на премиерот соодветно ќе одговори на оваа позиција. Се работи само за замена од технички аспект“, рече Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање во денешниот редовен брифинг во Владата.

Владата на својата редовна седница во вторникот вечерта донесе одлука како владин претставник во Акционерското собрание на Македонски Телеком да биде Тања Чачарова-Илиевска.