Сменет шефот на полицијата во Келн

Уапсени двајца напаѓаќи од инцидентите во Келн
Уапсени двајца напаѓаќи од инцидентите во Келн

Шефот на полицијата во Келн Волфганг Алберс е сменет денеска од должност по критиките поради реакциите на насилните инциденти за времена новогодишната ноќ.

Алберс (60) бил информиран од министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија дека треба да замине во предвремена пензија.

Германската јавност беше во шок по објавата дека на 31 декември имало голем број сексуални напади, силувања и ограбување жени во неколку германски градови при што извршители биле воглавно мажи од северна Африка.