Сменети 2.745 судии и уапсени 2.839 војници во Турција

По пропаднатиот синоќешен пуч турските власти сменија вкупно 2745 судии.

Оваа информација беше објавена од страна на турската телевизија НТВ кои се повикуваа на Високиот совет на судии и јавни обвинители.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјавил дека ситуација во земјата е потполно под контрола, пишува Агенцијата Анадолија, пренесува Ројтерс.

Премиерот во прес конференцијата одржана во Анкара истакна дека до сега се повредени околу 1.440 луѓе а уапсени се 2.839 војници.